Пуштен на слобода човекот што фрли јајцa врз автомобилот на Груевски


 

Таулант Цапа од Дебар, кој во петокот фрлаше јајца врз автомобилот на премиерот Никола Груевски во Тирана, е пуштен на слобода, но со обврска редовно да се јавува во судот за евиденција, јави Курир

На денешното рочиште во судот во Тирана, судијата Бесник Хоџа, при донесувањето на ваквата одлука го зел предвид барањето на Цапа да биде пуштен на слобода и ветувањето дека ќе биде тука и редовно ќе се јавува.

Како што пренесува агенцијата „Балканвеб“, Цапа е обвинет за „насилни дејствија врз меѓународни функционери“.

Цапа, кој е член на Граѓанската партија на Албанија, на 23-ти овој месец, кога македонската делегација излегувала од хотелот „Шератон“ каде се одржуваше албанско-економски форум, врз автомобилот на премиерот Груевски, фрлал јајца и пластични чаши. Тој за албанските медиуми веднаш го призна делото кое како што изјави го направил во знак на револт заради „непочитувањата на правата на Албанците во Македонија и дискриминаторската политика на Груевски кон нив“. Албанската полиција го уапси десеттина часа по инцидентот.

Курир

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1