Анита Хјуџ била пронајдена мртва од страна на нејзините деца за Божик откако претходно испила една чашка водка.
Жената колабирала и паднала на подот по што престанало да работи и нејзиното срце. Таа настрадала од ретка ненадејна смрт од алкохол кој секоја година убива по 1000 луге.
Истрагата покажала дека Анита за Божикната вечер се напила водка по што колабирала и паднала на подот.
Мајката која имала три деца умрела како последица на ретка реакција од консумирање водка.
44 годишната Анита умрела од непознат феномен, срцето престанало да и бие после консумацијата на пијалокот.
Истрагата покажала дека жената страдала од (SUDAM) – состојба која доведува до 1.000 смртни случаи во Велика Британија секоја година.
Госпоѓа Хјуџ пиела водка за божикната вечер заедно со својот партнер и пријателите. Кога нејзините деца се разбудилае утрото ја пронашле нивната мајка како лежи мртва на подот. Веднаш била префрлена во болница во северен Велс, каде само ја констатирале и ја потврдиле смртта.
Според стручните лица во болницата во северо – источен Велс, станува збор за ненадејна алергиска реакција на алкохол. Оваа реакција немора да ја имате, може да се јави одненадеж и во најтешките случаи резултира со смрт.
Кога мозокот се стимулиран со елетро импулси тогаш добива погрешни сигнали и може да се предизвика срцева аритмија. Сигналите кои му кажуваат на срцето да бие не стигаат до него и тоа престанува да работи.
Оваа реакција може да ја предизвика и алкохолот доколку се консумира во големи количини.
Д-р Ентони, патолог, потврди дека најверојатно, причина за смртта била SUDAM.