Девојка која во писмо одлучи да побара богат сопруг неодамна доби одговор и тоа од генералниот директор на финансиската корпорација J.P. Morgan, кој за кратко време стана хит на интернет.
„Младата и убава девојка“, како што се опишала самата на форумот, поставила прашање што би требало да направи за да се омажи за богат маж.
Еве што напишала девојката:
„Ќе бидам искрена во она што ќе го напишам. Имам 25 години и многу сум убава. Имам стил и добар вкус. Желба ми е да се омажам со човек кој заработува најмалку 500 илјади долари годишно. Можеби сметате дека сум алчна, но според мене, заработката од милион долари годишно во Њујорк спаѓа во средна класа. Моето барање е разумно. Има ли некој на овој форум кој има годишна плата од 500 илјади долари годишно, а да не е оженет? Ако има некој таков, за него имам едно прашање. Што треба да направам за да се омажам со тебе? Оние кои досега ги запознав заработувале најмногу 250 илјади долари и тоа изгледа е мојата највисока граница. Ако некој сака да се пресели во резиденцијален кварт на западот на Њујорк, 250 илјади едноставно не се доволни. И затоа, овде скромно поставувам неколку прашања.
1. На кој места најчесто излегуваат неоженетите богаташи? (да се наведат адреси на барови кои ги посетуваат).
2. Кое годиште да барам?
3. Зошто најголемиот број на избранички на богаташите се со просечен изглед?
4. Како одлучувате која ќе биде ваша сопруга, а која само девојка?
Госпоѓица Прити (Убавка )“.
Набрзо стигнал одговор за госпоѓицата, и тоа од страна на никој друг, туку од директорот на корпорацијата J.P. Morgan.
„Го прочитав вашиот пост со голем интерес. Има многу девојки кои имаат слични прашања како твоите. Дозволи ми да ти одговорам од професионална гледна точка. Мојот годишен приход е поголем од 500 илјади долари, што ги задоволува твоите критериуми.
Од деловна гледна точка, би било лоша одлука тебе да те оженам. Да ги оставиме деталите на страна и да гледаме на ова како размена на „убавина за пари“.
Лицето А нуди убавина, додека лицето Б ја плаќа убавината со пари. Меѓутоа, овде постои еден сериозен проблем. Твојата убавина ќе избледе, а моите пари не, не без некоја сериозна причина. Факт е дека мојот приход може да се зголемува од година во година, а ти тешко дека можеш да бидеш поубава од година во година. Затоа, од економска гледна точка, јас сум стабилен имот, а ти амортизација на имот. Ако твојот имот е само убавината, таа за 10 години веќе ништо нема да вреди. Кажано речникот на „Вол Стрит“ секоја трговија има почетна точка, а излегувањето со тебе е „точка на почетна трговија“. Ако пазарната вреднот на нештото опаднала, ние ќе го продадеме затоа што не е добра идеја нешто што пропаѓа да се чува долгорочно. Можеби ова ќе ти звучи грубо, но со пропаѓањето на твојата убавина, бизнисменот ќе те продаде или ќе те даде под „наем“. И внимавај девојко, секој со 500 илјади долари годишна заработка не е будала. Можеби ќе излезе со тебе, но нема да те ожени. Би те посоветувал да се откажеш од твојата потрага за богаташ. Инаку, и сака можеш да станеш успешна и да заработуваш половина милион годишно. Поголеми ти се шансите за тоа, отколку да се омажиш за богата будала“