Газда на кафана во Кичево – дилер на дрога


Кичевската полиција поднесе кривична пријава против Ф.Е.(47) од Кичево, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Пријавениот, пред извесно време набавил „хероин„  во вкупна количина од 2 килограми и 275 грама со намера да го препродава.

На 19-ти  ноември годинава, целокупната количина ја пронајдоа  оперативците од кичевската полиција кои по добиени оперативни сознанија и обезбедена судска наредба, извршија претрес во угостителскиот објект „Антика“ сопственост на пријавениот, лоциран на улицата „Гоце Делчев“ во Кичево.

Oпојната дрога била спакувана во пет пакувања односно две најлонски кеси и три пакувања облепени со кафеави самолепливи ленти врз која е извршено вештачење.

Пријавениот,  во чиј угостителски објект е пронајден хероинот, е лице добро познат на службата против кого и досега се поднесувани кривични пријави по неколку основи за што бил и правосилно осудуван на затворски казни.

Макфакс

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1