Две сестри – идентични близначки биле раздвоени при раѓање. Морале да бидат дадени на посвојување поради законот во Кина за едно дете.
Ниту една од нив не знаела дека има сестра близначка. Прва се посомневала Бао Лулин, која многу луѓе на улица и се обраќале со друго име.
Но мислела дека има двојничка, не ни помислувала дека има сестра близначка.
,, многу луѓе ме довикуваа со името Јанфеи. Решив да ја побарам таа своја двојничка да видам дали толку многу личи на мене,, рекла Бао.
Но потрагата морала да ја одложи зошто се омажила и останала бремена. Се грижела за синот кога повторно на улица човек и пришол и ја прашал Јанфеи кога дојде во градот.
Таа од него успеала да ја добие адресата на Јанфеи.
Отишла таму и се запрепастила. Девојката била идентична како неа.
Тие опишуваат дека моментот бил ист како да се гледаат во огледало.
Почнале да разговараат по што откриле дека се сестри и дека Јанфеи и Лулин откриле дека биле посвоени како бебиња.
Интересно е што двете близначки се омажиле во иста година, имаат мажи со исто име а и нивните синови изгледаат речиси идентично.
Сега се неразделни.