Венецуелскиот претседател Уго Чавес изјави синоќа дека кубанските лекари му откриле нов малигнен тумор, поради што ќе мора повторно да замине на операција.
Чавес, кој беше реизбран за нов мандат на 7 октомври за прв пат изјави дека доколку дојде до влоушување на неговата здравствена состојба, негов наследник на функцијата ќе биде сегашниот заменик-претседател Николас Мадуро Морос.
Тој во телевизиското обраќање истакна дека анализите, кои во Куба му се направени оваа недела, покажуваат дека ракот во неговото тело метастазирал.
Педесет и осум годишниот Чавес додаде дека денеска повторно ќе отпатува за Куба, каде ќе биде подложен на операција, која ќе биде трета во изминатите 18 месеци
Mia