Со шамари нападната жена во автобус од Дамир Далип претендент за кандидат за градоначалник?


Како што јавува порталот Охрид1 денеска дошло до инцидент во автобус на Галеб кои патувал за Скопје. Имено Демир Далип, апликантот за кандидат за градоначалник на Охрид нападнал повозрасна жена прво со вулгарни зборови, а потоа со шамари по главата, јавува порталот.

Нивните информации велат дека случајот бил пријавен во охридската полиција, а е направена и службена белешка.

Според пишувањето на Охрид1, постарата госпоѓа го замолила да престане да ги малтретира сопатниците со неговото долготрајно разговарање на мобилен телефон, по што тој и се нафрлил, за што имало и сведоци, тврди порталот.

Возачот, согледувајки ја непријатната ситуација, го сопрел автобусот и ја замолил патничката да се премести на предните седишта, што тоа и го направила. Подоцна Демир Далип му се извинувал на возачот за непријатната ситуација, а преку возачот и на нападнатата сопатничка.

Охрид 1 се обратил до Демир Далип кој прво кратко им одговорил: – Немаше таква работа ! , а потоа додал дека со официјално соопштение ќе излезе утре и конечно на крај се премислил и им ја дал следната изјава:

– Зборувајќи на телефон, на патот од Охрид до Скопје, непозната жена ме навреди на национална основа, притоа ме нарече терорист и кажа ред други погрдни зборови. Јас ја игнорирав бидејќи сметам дека имаше лично нетрпение кон мене, но и  генерално кон муслиманите. Тоа е што имам да кажам. Немаше инцидент – изјавил Демир Далип.

Според порталот очевидците тврделе дека жената во ниту еден момет не го навредила Далип, а случајот најверојатно ќе добие судска разврска.

Ohrid1.com

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1