Стиснав заби и издржав – бебето родено на снег нема да е Снежана туку Николина


Бебето кое се роди во автомобил на среде завеан пат во Србија нема да се вика Снежана туку Николина, така сакала мајката. 

Предраг Младеновиќ,идниот сопруг на 17-годишната Теодора Талпал која се породи во автомобил, вели дека многу бил исплашен и се молел се да биде во ред со детето.

-Се тресев од страв. Се плашев да не дојде до некакви компликации. Се плашев и бебето да не умре од студ. Паничев додека ја слушав Теодора како вика од болки, вели таткото.

Т- Ми беше страв како на секоја жена која прв пат се породува. Беше ладно, патот непрооден, а болницата далеку. Ме фати малку паника. Сепак, ги стиснав забите и си реков: Мора да издржиш за бебето. Сега сум среќна што се добро заврши, вели  мајката Теодора.

Инаку трудницата Теодора Талпае добила болки во автомобилот додека биле заглавени во колона од завеани автомобили, амбулантната кола стигнала но патот бил закрчен кај Честерег. Трудницата добила болки и породувањето започнало на среде завеаниот пат.

Снегот зема жртви, но донесе и бебиња – се породила завеана на патот

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1