Снегот зема жртви, но донесе и бебиња – се породила завеана на патот


Жена од Зрењанин која вчера со својот сопруг со часови била завеана на патот се породила во автомобилот.

Трудницата Теодора Талпае добила болки во автомобилот, веднаш повикале помош, но поради завеаните патишта брзата помош не можела да се пробие до нив. Се обидувала да ги контролира контракциите и успеала да ја дочека амбулантната кола, но само што тргнале на пат до болницата се заглавиле во колона автомобили кај Честерег. Трудницата добила болки и породувањето започнало.

Лекарите во еден од камионите завеани крај патот ја сместиле жената и тука ја породиле.

И мајката и бебето се во добра здраствена состојба. А мајката на новоредената ќеркичка и дала име Снежана.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1