Пазарџиите од Бит Пазар за утре најавија протест поради се уште не изградениот затворен пазар, големиот број на диви продавачи и нерегулирани односи со „Скопски пазар“.
Револтирани се што и покрај пробиениот рок општина Чаир се уште не изградила затворен пазар. Пазарџиите ќе протестираат на клучката кај Бит Пазар
„Ние пазарџиите од Бит Пазар бидејќи немавме можност да ги решиме тековните проблеми со нашето работење, сме принудени да протестираме со блокада на клучката кај надвозникот на Бит Пазар. Блокадата ке се реализира на ден 13.12. 2012 година и ќе трае од 11 до 13 часот“, се вели во соопштението.
А1Он