Стариот алкохоличар Дедо Мраз и проститутката Снежана ги измислија московските комунисти за во тој дух да ги одгледаат нашите деца и така ја скршија морална Украина – сметаат украинските ултрадесничари.
Активистите на украинската ултрадесничарска организација „Братство“ ги обесија куклите на Дедо Мраз и Снежана на мостот во центарот на Киев, со плакат на кој пишува „Сакаа да ни го заменат Свети Никола“.
И претходно имаше акции против Дедо Мраз во Украина, а дури имаше и повик да не се слави нова година бидејќи тој празник и Дедо Мраз се идеолошко оружје на Москва. Оние украинци кои сепак славеа добија етикета дека се „додворувачи на Москва“
Ултрадесничарите сметаат дека Украинците треба да го слават само Божиќ, а подароци на децата треба да им носи Свети Никола, а не дедо мраз.