Ставрески прифати 44 амандмани за Предлог-буџетот


Во насока на донесување на Буџетот, а со оглед дека работата на Комисијата за финансирање и буџет и на Законодавно-правната комисија е блокирана денеска позитивно писмено се изјаснив за 44 амандмани од кои 33 поднесени од СДСМ, шест од пратеникот Изет Зеќири од НДП и пет од ДПА, информира вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на прес-конференцијата во Собранието на Република Македонија.

sobranie_RMТој додаде дека 44. амандмани се во вкупен износ од 191 милион денари од кои 154 милиони денари за амандманите поднесени од СДСМ, и по 18,5 милиони денари за тие од пратеникот Зеќири и од ДПА.
– Ова е најголем број на прифатени амандмани од еден министер за финансии при донесувањето на буџетите во последните 20 години, како по број така и по износот на средствата. Тоа ја покажува нашата желба за компромис, рече Ставрески.
Согласно вчерашниот конструктивен предлог од претседателот на Собранието во насока на преовладување на разумот, нагласи, написмено доставив известување во однос на сите 1.225 амандмани до Вељаноски и до сите координатори на пратеничките групи кои се поднесители на амандманите.
Додаде дека верува оти предлогот ќе наиде на разбирање кај опозицијата и ќе се отвори можност за забрзување на процедурата и донесување на Буџетот, бидејќи има произнесување за секој поединечен аманман од страна на министерот за финансии, со што се отвора можност за повлекување на амандманите и да продложи разгледувањето на буџетот на пленарна седница.
Одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека координацијата е се уште во тек и оти поради тоа не може да коментира дали овјо предлог е прифатлив за опозицијата или не, притоа апелирајќи на конструктивност и разумност за компромис.
– Министерот за финансии и Владата можат да покажат конструктивност и разумност и да се изјаснат по секој поединечен амандман, да прифатат амандмани како што во случајов направивме. Тоа покажува кој сака да дојде до решение и до компромис. Останува на СДСМ и на другите партии да се изјаснат по тоа прашање, рече Ставрески и додаде дека секогаш има деловнички начин ако се има политичка волја за да се излезе од ситуацијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1