Убиена манекенка од Венецуела – и пукале во глава


Младата манекенка Дејзи Џенири Ферер Аренас од Венцуела, во вторникот беше пронајдена мртва во својот автомобил.

Dejzi-Dženiri-Ferer-ArenasИмала прострелни рани од три куршуми во главата, а нејзиното тело е најдено на дното на еден канал за наводнување во Гвадалахара, 7 дена откако исчезнала.

Девојката ја идентификувале пријателките. Работела како манекенка во Мексико, а Министерството за надворешни работи го проверува нејзиниот имиграционен статус.

Според локалните медиуми, мотив за убиството би можело да биде борбата меѓу мексиканските нарко-картели или кавга со момчето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1