Мистериозна црна вдовица? Пред Тушевски и убиле уште двајца мажи


Обвинетиот за „Ровер“ Зоран Трајковски тврди дека Зека Јеж невенчаната сопруга на убиениот Марјан Тушевски пред убиствотото му се јавила и го повикала да излезе надвор од кафулето Зу каде тој седел со Јанев.

tusevski sudenjeКога излегол и се упатил кон местото каде требало да се најде со жената, Тушевски бил убиен, тврди Зоран Трајковски во својот исказ пред судот, пренесува Канал 5.

Трајковски сведочеше дека Зека Јеж прво била во врска со босанскиот криминалец Јука Празина кој за време на таа врска бил убиен во родното Сараево. Иста судбина имал и вториот љубовник на Зека, познат српски криминалец убиен за време на врската со босанската државјанка.

Тогаш Зека Јеж дошла во Скопје каде стапила во врска со Тушевски, а потоа тој бил убиен. По убиството неколку недели ја немало, а таткото на Тушевски и Василевски говореа по Скопје дека избегала со парите на Тушевски, рече обвинетиот Трајковски.

Канал 5

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1