Огромна новогодишна елка се урна во главниот град на Киргистан, Бишек
Елката висока 23 метри која била поставена на централниот плоштад во градот и накитена, се урнала во текот на ноќта, нема повредени во инцидентот. Просторот околу елката е ограден и се расчистуваат скршените гранки и лампиони од елката.
Најавено е дека за два дена ќе биде поставена нова елка на плоштадот.
Според истрагата елката паднала зошто попуштила металната конструкција на која стоела елката, а во текот на ноќта имало невреме и силен ветар.