Споените близначки Алисон Џун и Амелија Ли Такер од Њујорк, имаа тешка и компликувана операцијата за нивно раздвојување.
Девојчињата биле споени на долниот дел од градите и стомакот, а имале заеднички граден кош, дијафрагма, срцево ќесе и црн дроб.
Операцијата траела седум часа и во неа учествувале 40 членови на медицинскиот персонал извршена е во ноември и девојчињата се одлично.
Ова не е прва операција за Алисон Џун и Амелија Ли, кога имале девет месеци биле подложни на операцијата за раздвојување на градниот и абдомалниот дел.
Хирургот Холи Хедрик рекол дека Алисон е помала, но посилна, додека Амелија понапредна, но се’ уште се наоѓа на интензивна нега.
Споените близнаци се раѓаат на секои 50 до 60 илјади породувања, а повеќето се раѓаат мртви.
Околу три четвртини од споените близнаци се девојчиња. Шансите за успешно одвојување и заздравување се поголеми доколку имаат одвоени органи.