Европската унија и Амбасадата на САД во Скопје попладнево ги повикаа лидерите на сите политички партии да стават крај на какви било агресивни и провокативни акции и да се однесуваат на начин што е во согласност со Уставот и законите.
– Мирното изразување на различните мислења е основата на секоја силна и демократска држава, а употребата на насилство од било која инволвирана страна го подрива тој систем и нанесува штета на неговата способност да владее одговорно, се вели во изјавите од ЕУ и Амбасадата на САД.
Ги поттикнуваат лидерите на сите политички партии и нивните приврзаници без одложување да стават крај на конфронтациите. – Ги повикуваме да се однесуваат на начин што е во согласност со законот, Уставот, и со договорените собраниски процедури, а тоа секогаш го има во предвид и најдобриот интерес на граѓаните од кои се избрани за да ги претставуваат, се наведува во изјавите.