Уапсена Силувала 5 годишно дете па снимката ја поставила на интернет


Полицијата во САД уапсила жена осомничена за снимање и дистрибуција на порнографски содржини со малолетници.


zena11Осомничената е на возраст од 23 до 29 години, а ФБИ распишале потерница за неа откако на интернет се појавила снимка од неа како има однос со петгодишно дете. Жената на видео снимката е средно градена со зелени очи и смеѓа коса. Има младеж на левиот бут и пирс на јазикот.
Детективите веруваат дека снимката е поставена на 28 ноември, а до самото апсење се стравувало дека детето со месеци било изложено на сексуално злоставување.

ФБИ снимката ја добиле од данската полиција. Сликата од детето е предадена на Националниот центар за исчезнати деца, а во моментов се работи на утврдување на идентитетот на жртвата. Информациите за малолетното лице полицијата нема да ги открие, со цел да го заштити идентитетот.

Минатата година полицијата во САД се судри со сличен случај. Мајкл Фримен човекот кој што откако се појавил на интернет снимка и откако полицијата го идентификувала, признал дека сексуално ги злоставувал своите две ќерки. Сексуалниот одос со својата 9-годишна ќерка го снимил додека од страна набљудувала неговата 6-годишна ќерка.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1