Го треснала со шише по глава, поради порака на фејсбук


Луис Слејтер е исфрлена заедно со бендот од емисијата за таленти „X Factor“, кога откриле дека минатата година во јуни го нападнала својот дечко Вилијам Ејткен.

fejsbukСлејтер по нападот е осудена на 51-на недела во затвор, две годишен надзор, како и 120 часа општествена корисна работа.

Слејтер која е родена во малото месо Рајтон во Велика Британија, на суд се изјаснила дека е виновна за неоправданото повредување на Вилијам Ејткен во јуни минатата година. Како што објаснила пред судот, врската им била идеална, се додека не ја видела пораката на Фејсбук која ја шокирала.

„Се беше ок и наеднаш ме удри со шише по главата, по што почнав да крварам“, се присетува Ејткен.
Како што додава, потоа го мавнала со лаптоп, но откако се смирила го однела во болница. Иако прво тврдела дека паднал од скали, подоцна признала што се случило.
Ејткен за време на опоравувањето во болница, ја загубил работата како модел, но изјавил дека овој настан целосно му го променил животот. Истакнал дека и понатаму ја сака Слејтер.
„Не верував дека е способна да направи вакво нешто. Во моментов не разговараме, но јас и понатаму ја сакам и сакам да знам зошто тоа го направи. Не планиравме ваква иднина“, изјавил Ејктен.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1