Ендемска граблива птица – сокол, успеале да спасат струмичките пожарникари откако птицата влегла во станбена зграда на улицата Крушевска Република во Струмица.
Станари на горниот кат од зградата откако ја забележале птица која вознемирено летала, а не можела да излезе од ходникот ја алармирале противпожарната единица.
Откако пристигнале пожарникарите, по 15-минутна бркотница успеале да го фатат соколот, кој откако бил уловен бил однесен во Противпожарната единица, а потоа им бил предаден на членовите на Здружение за ретки птици во Струмица, објави порталот Струмицанет”.