Се обиделе да ја силуваат, па жива ја запалиле


suluvana32 годишна Гркинка, била нападната додека се враќала дома во четвртокот рано наутро. Напаѓачите се обиделе да ја силуваат, девојката се бранела па ја полиле со бензин и ја запалиле.

Според полицијата девојката била нападната во градот Ксанти, на североистокот на Грција. Двајца или тројца, напаѓали ја пресретнале пред влезот во зградата, во центарот на градот каде што живеела со семејството. Се обиделе да ја силуваат но откако пружила отпор ја полиле со бензин и ја запалиле. Напаѓачите побегнале,  полицијата трага по нив.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1