Николас Кејџ воодушевен од македонско девојче


Холивудската ѕвезда Николас Кејџ е воодушевен од македонско девојче. И тоа од 16-годишната Илина Димитровска.

SAMSUNG

Таа била дел од жирито на детскиот фестивал Џифони во Италија, а Кејџ главен гостин. Обичајот е секоја година гостинот од над 3.000 деца од 3 до 18 години, кои го сочинуваат можеби најголемото жири на светот, да одбере десетина со кои ќе разговара посебно, а меѓу нив била и Илина.

“Прашањата што ми ги поставуваш се прашања кои сам си ги поставувам, а често не наоѓам одговор на нив. Како е тоа можно!?”, и рекол Кејџ на 16-годишната Илина Димитровска, пишува Вечер

“Огромно е задоволството што во официјалните видеа има изјава од Николас Кејџ каде од десетината деца со кои имаше можност да се сретне одблизу, посебно го споменува девојчето од Македонија. Веќе 10 години соработуваме со Македонија и присутна е на нашиот фестивал. Децата од Македонија што се дел од жирито секогаш се издвојуваат по нивните активности”, вели за ВЕЧЕР директорот Губитози.

“Џифони е единствено место на светот каде што девојче од Македонија може да се сретне и да разговара на различни теми со дете од Јужна Африка, Индија, да се запознае со бајките од Финска…”, вели Кејџ на официјалното видео од фестивалот Џифони.

Вечер

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1