15 дена притвор за пијаниот возач кој со џип тргна да гази демонстранти


policija prilepЧетириесет и едногодишниот прилепчанец Валентин Ѓ. кривично ќе одговара за предизвикување општа опасност, бидејќи на 25 декември со возилото влета во демонстранти кои протестираа на една крстосница во Прилеп, при што повреди двајца. Истражен судија на Валентин Ѓ. му одредил петнаесет дневен притвор.

Во вторникот околу 18 часот додека симпатизери на опозицијата протестираа на една крстосница во Прилеп, Валентин Ѓ. откако се оглушил на полициската наредба да застане, со својот џип „форд експлорер“ удрил во насобраната толпа и повреди две лица. Двајцата повредени биле префрлени в болница, каде лекарите констатирале телесни повреди.

Полицијата кај осомничениот и неговиот сопатник направила алкотестирање и било констатирано дека се пијани.

Уапсен возачот на џипот кој вчера удри демонстранти во Прилеп (Видео)
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1