Утрово одложени летовите од скопскиот аеродром


Поради густата магла утрово е отежнато одвивањето на авиосообраќајот.

aerodrom magla

Одложени се полетувањето за Бергамо од скопскиот аеродром предвидено за шест часот изутринава, како и летовите од и за Истанбул од 8 часот и 20 минути и од 9 часот, покажува информаторот од официјалната веб страница на аеродромот „Александар Велики“.

Според Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), намалена видливост на патиштата од маглата до 50 метри има во Тетово, Гостивар, Сарамзалино, Кочани, Струмица, Неготино, Демир Капија и на патниот правец Скопје-Катланово-Велес и обратно.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено по местимично влажни коловози на повеќето места. Автобусите на меѓуградските линии сообраќаат според предвидениот возен ред, со доцнења од 15-ина минути.

АМСМ препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. Поради ниските температури на повисоките места има можност за појава на голомразица.

Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Во сила е законската обврска за поседување зимска опрема во возилата.

Извор МИА

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1