Без инциденти се одвиваа протестот на членовите и симпатизерите на опозициските партии кои денеска се собраа пред седиштето на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.
Пред пристигнувањето пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ му претходеше собирање на „зборно мест“ зад трговскиот центар „Рамстор“, по што масата помина покрај хотелот „Бристол“.
Засилени полициски сили се наоѓаат како на местото на протестот, така и покрај локациите низ кои поминаа демонстрантите и по кои е планирано да се разотидат по завршувањето на протестот.
Dnevnik