Ако направат базен, државата им дава 50,000 куни!


Иако Хрватската влада намалува голем дел од правата и бенефициите, истовремено воведува нови. Доколку изградите базен државата ќе ви поклони 50,000 куни.

bazen

Но, не на сите. Министерството за туризам во Хрватска смета дека зголемената понуда на базени, би требало да биде продолжена и во предсезонскиот и посезонскиот период, а тоа на годишно ниво би било за 4 до 8 недели. Изнајмувачите тврдат дека кога морето е ладно, базените се примамливи за гостите.

Износот ќе биде фиксен и треба да покрие една третина од инвестициите во изградбата на еден просечен базен. Но, важно е дека изградбата на базени нема да биде наменета за приватна употреба. Објавата на програмата се очекува до крајот на јануари, кога тие треба да започне и првата пријава. Во 2013 година, би требало да се изградат 200 нови базени. Инаку програмата е наречена 1000 базени за Хрватска и токму току се очекува да бидат изградени до крајот на мандатот на оваа влада.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1