Несреќа се случи попладнево на патеките од хрватскиот зимски центар Слјеме над Загреб, откако во пресрет на женската слаломска трка шведската скијачка Натали Еклунд заработи тешка повреда.
Таа ги извадила скиите и тргнала кон жичарницата, но се спрепнала и паднала, а остриот раб на скиите ја расекол меѓу грлото и брадата. Расекотината била 5 сантиметри под брадата. Веднаш интервенирале медицинските служби кои спречиле да искрвари и итно ја транспортирале во болница.
Повредата не е од сериозен карактер и ќе помине со шиење, но можело да се случи трагедија доколку се пресекла некој сантиметар пониско.