За само неколку часа во Мексико се убиени 28 лица, а меѓу настраданите е и семејството на градоначалникот на градот Балеса, соопшти “РИА Новости”. Наркокартелите во едно предградие мачеле и убиле шестмина роднини на градоначалникот на Балеса .
16 лица, се убиени ноќта кон саботата во северната сојузна мексиканска држава Чивава, на границата со САД.
Во сојузната држава Морелос, во југозападниот дел на земјата, насилниците го застрелале началникот на полицијата на градот Амакусак, заедно со неговиот телохранител. И двајцата починале. Шефот на полицијата бил назначен на началничката позиција пред само четири дена.
Во бар во градот Тореон во северно Мексико, пак непознати напаѓачи влегле во локалот и убиле двајца посетители.
Мексикански експерти велат дека промената на власта во земјата, откако претседателската функција ја напушти претходниот претседател Фелипе Калдерон, кој објави војна во 2006 година против наркокартелите, си уште не резултира со намалување на нивото на насилство во регионите во кои се активни мафиите што се борат за превласт на црниот пазар.
Новиот претседател Енрике Пена Нието вети пред изборите дека ќе ја промени тактиката за борба против криминалот и намалување на неговата стапка. Од 2006 година досега во Мексико се убиени повеќе од 50.000 лица.