Што предизвикува кошмари? – Пет чудни нешта кои што влијаат на вашиот сон


161208_v2

5. Земјеното магнетно поле ги прави соништата повеќе бизарни

Жлездата во мозокот во форма на шишарка може да ја насети геомагнетната активност која всушност ги регулира хормоните за спиење. Некои луѓе се доволно чуствителни на флуктуациите на магнетот на Земјата, кој може да создаде и депресија.
Психологот Дарен Липницки ги снимал своите соништа по осум години, и увидел дека ниската геомагнетна активност, значело полуди соништа, додека кога магнетното поле било високо, неговите соништа имале повеќе смисла.

161211_v1

4. Играњето на видео игрите ви овозможува да ги контролирате соништата

Досегашните истражување покажале дека сите оние кои што играат видео-игри, имаат поголема можност да имаат луциден сон, односно да ги контролираат настаните кои што ги сонуваат. Видео-игрите го обучуваат умот да ја превземе контролата за време на фантазијата. Честите гејмери имаат способност да се пазат од кошмари. Суштината на страшниот сон е неможноста на сонувачот да одговори на опасните ситуации како зомбите или слични страшни работи, за разлика од гејмерите кои што се во можност „да се изборат“ буквално со се.

3. Републиканците имаат поголеми кошмари од Демократите

161212_v1Истражување кое што го направила Кели Булкели, покажало дека конзервативците имаат трипати поголема веројатност да доживеат кошмари, за разлика од нивните политички противници.
Во текот на четиригоришната студија се покажало дека половина од сонишатата на конзервативците биле кошмари, во споредба со само 18 проценти од либералните соништа.

Како еден од факторите за ваквата споредба, Булкели ја наведува можноста дека размислувањето како Републиканец, предизвикува да имаат повеќе анксиозност и страшни мисли, или пак другата можност е онаа за гласањето за Републиканец.

Сепак Булкели не сака да ги прикаже републиканците во негативно светло, велејќи дека тие се само реалистични.

161210

2. Непријатната миризба предизвикуваат непријатни сништа

Добро познато е тоа што сништата можат да бидат под влијание на она што ни се случува во околината. Германски истражувачи направиле тест откако во простории каде што спиеле луѓе пуштиле непријатни миризби како оној на расипани јајца, додека во други простории пуштиле прјатни мириси како на свежи ружи и слично, по што било утврдено дека кај луѓето во просториите со непријатни мириси, всушност имале и непријатни соништа. Истражувачите веруваат дека мирисот влијае на лимбичкиот систем на мозокот, дел со кој се регулираат емоциите и однесувањата. Според еден од експертите нашето чувство за мирис има директен пристап до потсвеста во областа на мозокот кој влијае на емоциите, расположението и меморијата, па дури и за време на спиењето.

161206

1. Креативните луѓе ги паметат повеќе нивните соништа

Сите овие претходни истражувања биле направени на луѓе кои што успеале да ги запаметат соништата. Сепак постојат и луѓе кои и покрај тоа што сонуваат, кога ќе се разбудат всушност имаат нејасна меморија за тоа што всушност сонувале. Според истражувачите, повеќе креативните луѓе имаат помалку проблеми при сеќавањето на соништата во утринските часови.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1