18 македонски државјани од скопско Арачиново, Велес и Куманово, се осомничени дека се дел од франкфуртската мафија.
Македонската полиција во соработка со австриската по добиените нови информации и работење од септември до декември, го спроведоа продолжението од полициската акција „Диригент“.
Уапсени се вкупно 43 лица, а кај нив е пронајдена поголема количина на дрога. Од осомничените 18 во Македонија, уапсени се 14, а по четворица се уште се трага.
Со оваа акција паднати се три криминални групи од Македонија, а уапсени се и нивните организатори. Осомничените лица се на возраст од 22 до 45 години.
Директорите на македонската и австриската полиција истакнаа дека успешноста на акцијата е само потврда за довербата и добрата соработка меѓу двете земји.
foto – Kurir.mk