ФОТО: Паднаа 3 криминални групи од франкфуртска мафија


18 македонски државјани од скопско Арачиново, Велес и Куманово, се осомничени дека се дел од франкфуртската мафија.

frankfurtska mafijaМакедонската полиција во соработка со австриската по добиените нови информации и работење од септември до декември, го спроведоа продолжението од полициската акција „Диригент“.

Уапсени се вкупно 43 лица, а кај нив е пронајдена поголема количина на дрога. Од осомничените 18 во Македонија, уапсени се 14, а по четворица се уште се трага.

Со оваа акција паднати се три криминални групи од Македонија, а уапсени се и нивните организатори. Осомничените лица се на возраст од 22 до 45 години.

Директорите на македонската и австриската полиција истакнаа дека успешноста на акцијата е само потврда за довербата и добрата соработка меѓу двете земји.

foto – Kurir.mk

IMG10016

frankfurtska mafija1

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1