Локалните избори во Македонија годинава ќе се одржат на 24 март. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска го потпиша Решението за распишување локални избори.
На располагање биле два термини, 24 март и31 март, но бидејќи на 31 март е голем верски празник Велигден за граѓаните од католичка вероисповед спикерот одлучил локалните избори да ги закаже на 24 март.
Решението за распишување на изборите ќе биде доставено до Државната изборна комисија како орган за спроведување на изборите.
Претседателот на Собранието во денешната куса изјави ги повика сите учесници во изборниот процес своето однесување и своите постапки да ги раководат и усогласат исклучиво со одредбите од Уставот и законите на најдостоинствен начин.