94 год дедо избегал од болница на роденденот за да пие пиво


Љубовта кон пивото го натерала 94 годишен Германец да избега од болница во Минхен и тоа на својот роденден. Дедото сакал да си го прослави роденденот со пиво но не му давале во болницата. Па решил да избега.

staripivopija_11012013_shutter625Го забележал случаен минувач во подземната железница, а дедото во левата рака се уште ја имал забодена иглата за инфузија. Минувачот тогаш повикал полиција која го вратила дедото во болница.
“По неколку повици, дознавме дека старецот избегал од една локална клиника”, навела полицијата, додавајќи дека пациентот ги објаснил своите причини за бегство, односно својата љубов кон пивото.

Полицијата за медиумите соопштила дека старецот е вратен во болница, а докторите биле полни со разбирање, па на старецот му дозволиле тој да го нарача своето омилено пиво.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1