Човековото телото ја претчувствува иднината – посебно лошата


Ако им се верува на истражувањата кои неодамна беа објавени во магазинот „Frontiers of Perception“, човечкото тело може да претчувствува случувања од иднината.

oko– Постојат теории и тврдења дека случувањата од иднината може да се предвидат без никакви знаци – вели Џулија Моусбриџ, невролог и ко-автор на овие истражувања.

Многу други истражувања покажаа дека некои физички реакции како што е забрзана работа на срцето, ширењето на зениците активностите на мозокот, се менуваат 10 секунди пред луѓето да погледнат некоја страшна слика.

За да се уверат во точноста на ова истражување, Моусбриџ и нејзиниот тим анализирале голем број на вакви истражувања. Резултатите покажувале дека телата на луѓето потсвесно ја претчувствуваат иднината кога нешто важно треба да се случи.

– На пример, доколку сте брокер на берза, 10 секунди порано можете да ја предвидете евентуалната загуба – објаснува Моусбриџ. Таа додава дека истражувањата немаат за цел да утврдат дали луѓето имаат натприродни или паранормални моќи.

Наспроти тоа, авторите објаснуваат дека тие се знаци на претчувство кои никој не ги разбира и кои се манифестираат низ реакциите на нашето тело кои почитуваат одредени природни закони кои ние сеуште не ги разбираме. Но, други се сомневаат дека претчувството воопшто не постои.

– Постои статистички тренд дека научниците кои го бараат таканаречениот „ефект на претчувство“, на крајот и го наоѓаат – вели Руфин Ванрулен, научник од Центарот за истражување на мозокот и сознанието, кој не учествувал во истражувањата за претчувството.

– Возможно е научниците да се пристрасни во своите истражувања – вели и Кајл Елиот Метјусон од Илиноис универзитетот.

Fakulteti.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1