Ова е среќа: Се успале за на работа, а требало да се во кранот во кој удри хеликоптер (Фото)


Двајца градежници од Лондон, вчера требало да се на работа, на кранот во кој удри хеликоптерот среде Лондон, но за чудо за прв пат за 3 години и двајцата се успале за на работа.

Ники Бијаџони (31) и Ричард Мул  (30), вчера за прв пат во овие 3 години каснеле на работа, а тоа им го спасило животот.

Gradjevinari

Мул, кој е татко на две деца, вели дека тој и колегата требало да се на работа во 7 часот наутро, но обајцата задоцниле.

” ова е прв пат за 3 години да закаснам на работа, толку време работам на овој кран. Едноставно не се разбудив навреме, незнам зошто. Стасав на работа околу 8  и бев во подрумот се подготвував да се качам на кранот кога се случи несреќата,, вели Мул.

Сопругата на другог работник, Леана Бијаџони, рекла дека не го чуле алармот.

” тоа никогаш не ни се случило,, вели Леана.

Вчера пилотот Пит Барнс удари со хеликоптерот во металната конструкција на кранот во центар на Лондон и падна на улица, загина тој и еден пешак. 11 луѓе беа повредени.

ЗАГИНАТИОТ ПИЛОТ ВО ХЕЛИКОПТЕРСКАТА НЕСРЕЌА БИЛ КАСКАДЕР ЗА ЏЕЈМС БОНД
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1