Загинатиот пилот во хеликоптерската несреќа бил каскадер за Џејмс Бонд


Две лица загинаа во хеликоптерската несреќа во централен Лондон. Хеликоптер се урна во близина на железничката станица во централниот дел на градот.

helikopter-london11По истрагата се утврдило дека со хеликоптерот управувал искусен пилот Пит Барнс (50), кој работел во големи филмски хитови.
Барнс работел за фирмата „Ротомоушн“, а во филмот „Умри друг ден“ го возел хеликоптерот со кој требало да управува ликот на Џејмс Бонд.

Покрај тој филм, Барнс пилотирал и во продолжението на филмот за Лара Крофт (Ограбувач на гробници II), како и во „Спасувајќи го војникот Рајан“.
Покрај Барнс, загинал и пешак кој се нашол во близина на местото на несреќата, а 12 лица се повредени.

ОВА Е СРЕЌА: СЕ УСПАЛЕ ЗА НА РАБОТА, А ТРЕБАЛО ДА СЕ ВО КРАНОТ ВО КОЈ УДРИ ХЕЛИКОПТЕР (ФОТО)
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1