Вистинска приказна: Забранета љубов крунисана со брак по 50 години (Фото)


brak4

Двајца студенти се вљубиле пред 50 години. Судбината ги разделила. Тргнале по различни патишта, обајцата се венчале со други – но вистинската љубов не згаснала. Се венчале по 50 години.

Еве ја нивната приказна.

Џенис Руд била студентка во втора година, а Прентис Вилсон – бруцош на колеџот Оксидентал во Лос Анџелес. Џенис работела во утринската смена во училиштната кафетерија, а Прентис бил прв во редот.

– Се сеќавам кога прв пат ја видов Џенис.Секој ден, во шест наутро, бев таму зошто сакав да ја видам и да размениме неколку зборови. Мислев дека немам шанси кај неа, беше една година постара од мене и беше преубава, се присетува Прентис.

zabraneta brak2

И Џенис не била рамнодушна. Но се загрижила кога не се појавил на прославата за Денот на благодарноста во колеџот. Открила каде живее неговото семејство и возела 200 километри до Санта Марија за да му тропне на врата. Отворила неговата мајка, а Прентис останал без зборови кога ја видел. Набрзо потоа, најавиле веридба во локалните весници, а во огласот на крајот пишувало „се’ уште не е утврден датумот на венчање“.

oglas brak

Меѓутоа, нејзиниот татко ѝ се заканил дека ќе и ги укине школарината и џепарлакот ако не раскине со Прентис.

– Се обидувавме да сфатиме поради што се однесува така, но не бевме доволно паметни. – вели Прентис.

И покрај тоа што мајката на Џенис се обидела да го промени неговото мислење, дури и да подигне кредит да ѝ помогне на ќерката, не успеала. Родителите на Џенис се развеле поради недостаток на пари.

Прентис пак го завршил колеџот, дипломирал право на Харвард, се вработил и се оженил. И Џенис се омажила. Во следните пет децении, нивните патишта се вкрстиле неколку пати.

brak6

brak

Но, кога во краток период на двајцата им починале мајките, откриле нешто чудно: иако никогаш не се сретнале, тие двете ги зачувале објавите за веридбата од весниците.

Мајката на Џенис ја носела во паричникот повеќе од 35 години.

– Нашите мајки знаеа, едноставно знаеа. А мислам дека и ние знаевме – вели Прентис. Пред една година Прентис и Џенис се состанале на ручек. Минатото лето, двајцата 69-годишни, се венчале, а објавата за веридба од пред 50 години ја искористиле како покана за свадбата.

– Некои работи едноставно се судени така да бидат – вели Прентис.

zabraneta2

brak5

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1