Пол Маршалси (62) од Велс додека бил на одмор во Австралија видел ајкула во водата додека неговите деца си играле во плиткото.
Веднаш истрчал во водата и видел ајкула долга околу 2 метри како плива во близина на децата. Тој и уште еден маж веднаш влегле во водата без размислување и со голи раце ја фатиле за опашката и ја влечеле во длабокото за да ја отргнат од децата. Во еден момент, ајкулата се свртела кон Пол и за малку ќе го повредела.
И ајкулата била мајка, околу неа пливале мали ајкули.
,, Додека ја влечев ајкулата нејзините бебиња пливаа околу моите нозе. Мора да беа изгубени и заталкани во плитката вода. Неволјата беше кога бев на длабочина до моите колена, а ајкулата се сврте кон мене. Таа за малку ме промаши. Ајкулата која пред пет минути беше мирна, во дел од секунда можеше да ми ја откине ногата, вели Пол.
Возбудливите моменти се снимени со камера на една локална телевизиска куќа, чии новинари снимале прилог на плажата.