Комисија за транспорт, врски и екологија при Собранието на Република Македонија на вчера одржаната седница, без дискусија, ги усвои измените во законот за внатрешна пловидба, со кои се овозможува изградба на аеродром на вода на Охридското Езеро.
Тоа ќе е всушност обележана водена површина на која ќе може да слетуваат и полетуваат хидроавиони. Цврста градба не е предвидена.
сега се чека на потврда од Собранието.
Охридското Езеро е заштитено од УНЕСКО и мора да има високи еколошки стандарди. Доколку има и најмало негативно влијание на Охридското Езеро, аеродромот нема да се гради, вели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.