НАСА ја дигна во воздух пустината за да личи на површината на месечината (Фото)


Пред американските астронаути да зачекорат на месечината, морале да вежбаат на некој сличен терен на површината на земјата.

644595-nasa3Поради тоа НАСА дигнала во воздух делови од пустината Синдер Лејк во Аризона и наравила кратери слични на оние на месечината, на кои астронаутите вежбале. НАСА во пустината направила верна реплика на месотто на кое слета Аполо 11. За тој подвиг им биле потребни 140 килограми динамит и повеќе од шест тони ѓубриво помешано со уље. Резултатот на експлозијата бил 47 кратери со големина од 1,5 до 12 метри. 

Втората симулација на лунарното подрачје имало речиси 345 кратери со различни големини. Овие кратери им овозможиле на астронаутите по нив да возат автомобили направени за тешко пристапните терени.
Овие масовни кратери кои НАСА ги правела денеска се речиси и неприметливи. Некои се видливи како мали вдлабнатини во земјата, а другите, пустинскиот песок речиси целосно ги проголтал.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1