За операции во странство Македонците ќе плаќаат само 200 евра без разлика колку чини


Пациентите кои имаат потреба да се лекуваат во странство на државна сметка, кога јавното здравство не може да им даде помош, од годинава ќе плаќаат партиципација од најмногу 200 евра. Владата на минатата седница ја усвои Информацијата на Фондот за здравство со која се дефинираат процедурите, механизмите и буџетот за реализација на оваа мерка.

lekariДосега пациентите учествуваа со 20 проценти од трошоците, а од први јануари годинава ќе плаќаат најмногу 12 илјади денари за лекување во странство. Целиот останат трошок, без разлика колкав и да е, го плаќа државата, информира владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Ѓорѓиев појасни дека во постапките за остварување на ова право во прв степен одлучува директорот на ФЗО врз основа на мислењата на првостепена односно второстепена лекарска комисија за лекување во странство. Против решението донесено во прв степен, осигуреното лице има право на жалба до УО на ФЗО во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

– Новина е формирањето на работна група од ФЗО од стручни лица кои за секое лекување изготвуваат резиме на комисиите, во кое дава осврт на сегашната здравствена состојба на осигуреникот, како и минатите заболувања и неговиот третман во здравствените установи во Македонија, како и комисија за стручен надзор од одделни медицински дејности во Министерството за здравство, што ќе е од помош за процесот, и ќе овозможи механизам со кој ќе се обезбеди соодветно користење на средства и нивна алокација на лицата на кои им се најпотребни, рече Ѓорѓиев.

georgievИсто така, наместо во странство, услуга ќе може да добијат и од приватните болници во земјава. Доколку пациентот од објективни причини неможе да добие здравствена нега во државните болници, Фондот упатува барање до приватните болници во Македонија. Склучен е договор со приватните болници „Филип Втори“ и „Систина“ Клиничка болница за здравствени услуги, кардиоваскуларна хирургија и детска кардиохирургија, со „Систина“ Офталмологија и Европската очна болница, како и со приватната болница „Ре-медика“.

– Доколку некоја интервенција нема да може да се обезбеди во јавно здравство, ФЗО ќе испрати понуда до приватните болници, и доколку тие може да ја извршат, тогаш пациентот нема да треба да оди во странство затоа што услугата ќе ја добие во Македонија, рече Ѓоргиев.

Поради мерката за партиципација од најмногу 200 евра е зголемен буџетот на Фондот за 2013 година. Досегашниот буџет изнесуваше 150 милиони денари, а за годинава се планирани дополнителни 80, со што буџетот за годинава ќе изнесува 230 милиони денари.

Бројките говорат дека просечно, на годишно ниво, можноста за лекување во странство ја користат од 200 до 400 лица.

Според Ѓорѓиев, од почетокот на годината за лекување во странство во ФЗО се пријавиле помалку од  десет лица, а ќе се разгледа можноста како пациентите кои аплицираа во ФЗО за лекување во странство во декември да бидат вклучени во оваа програма.

Курир

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1