Се роди мајмунче – нов член на ЗОО во Скопје


Од Зоо Скопје информираат дека мајмунчето се родило во раните утрински часови и дека тоа и мајката се заедно со групата со која живеат, од која се добро прифатени.

majmunceПатас мајмуните се сместени во новата мајмунара, чија изградба е донација од Агенција за електронски комуникации.

Во текот на минатата година во Зоолошката градина беа родени 30-ина млади животни од 16 различни видови.

Патас мајмуните живеат на африканскиот континент. Ги населуваат шумите, саваните и пустините во западна и источна Африка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1