Девојка откако се породила се претворила во баба (Видео)


Оваа 27-годишна жена изгледа како старица на 60-70 години, бидејќи нејзиниот изглед почнал нагло да се менува, откако во 2012 го родила своето прво дете, пренесува „Live Leak“.

Таа тогаш почнала да чувствува дека лицето и се менува, па по само шест месеци таа повеќе не изгледала како нејзините врсници.

rodila i sega e baba

Доктор Јин Гуангпинг од Универзитетот Женгжоу објаснува дека нејзината болест е многу ретка и дека досега се забележани само неколку слични случаи во светот.

Причината за болеста е сеуште непозната, а единствениот „лек“ кој можат да го препорачаат докторите е пластична операција.

Несреќната жена раскажала дека потполно ја изгубила самодовербата откако сето ова се случило.

Таа се соочила со дофрлања и навреди на улица, бидејќи носела облека „непримерна“ за нејзините години, а по некое време престанала да се појавува во јавност.

Размислувала и за самоубиство, но сепак таа сеуште се надева дека докторите ќе најдат начин да и помогнат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1