Пијаници зад волан – Ирски град дозволи возење под алкохол


Во округот Кери во југозападниот дел на Ирска била усвоена мерка која овозможува на руралните возачи законски да возат под дејство на алкохол.


Children drinkingСоветот изгласа 5-3 со 12 отсутни членови и седум воздржани, да се издаваат специјални дозволи на поединци кои живеат во руралните области и кои сакаат да се возат по планинските патишта, а претходно да можат да конзумираат две до три флаши алкохолни пијалоци.

Советот ќе треба да се потпре на министерот за правда Аан Шатер, да ги имплементира измените на сегашната дозвола за пиење и возење, воведувајќи посебни дозволи.
Дел од советниците ја бранеле ваквата мерка со фактот што досега граѓаните кои што возеле под дејство на алкохол не убиле никого, а со новата мерка ќе се спречи и осаменоста и ќе се намали ризикот од самоубиства кај оние кои живеат во овој предел.

„Голем број од овие луѓе кои живеат во изолирани рурални области каде што нема јавен превоз, остануваат по дома затворени во четири ѕида, затоа што не сакаат да преземат ризик да ја изгубат дозволата. Со сегашните закони за возење во алкохолизирана состојба, се намали бројот на луѓе убиени на ирските патишта.

Вкупниот број на смртните случаи е намален за 56% во последните пет години. Во 2012 година биле убиени 161 човек, што претставува најниска бројка во евиденцијата која што ја бележат органите за безбедност на патиштата. Во прилог е и намалувањето на легалната граница од 89 мг на 100 ml крв (0,08 % во услови во САД) до 50 mg, а ирските влати исто така го зголемиле и обемот на задолжителни пунктови за контрола на алкохолот.

Ирското министерство за транспорт и органите за безбедност на патиштата се противат на новиот предлог, повикувајќи се на големиот број на докази кои го поврзуваат алкохолот со преголемиот број на оштетени возила.
„За жал руралните средини се меѓу најопасните патишта во Ирска. Ние треба да гледаме како да ги направиме патиштата побезбедни, особено во руралните средини, наместо да ги поништиме постојните мерки“, изјавил портпаролот на Ирското Министерство за транспорт.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1