Цигари само на рецепта – нов закон во Орегон


Новиот закон во Њу Орегон ќе овозможи цигарите да се набавуваат исклучиво со рецепта.

Се обидувате да се откажете од цигарите? Можеби ќе сакате да се преселите во Орегон. Со новиот предлог закон исите ќе се класифицираат како контролирана супстанца, со што ќе биде невозможно да ги купите без рецепт на доктор.
cigarettesСо ваквиот закон се очекува да се намали бројот на зависници, но истиот доби на критики, како од пушачите така и од непушачите, кои веруваат дека иницијативата не е изводлива.
Според предлогот, пушачите ќе бидат обвинети за прекршок и ќе се соочат со казна затвор од една година и парична казна од 6250 долари, доколку бидат фатени со цигара или која било друга контролирана супстанца кетамин, анаболни стероиди и др.
Предлок законот исто така забранува на Државниот одбор на фармација, да донесува правила за никотинските производи, во кои се вклучуваат тутунот за џвакање, никотинските кутии и др. Спроведувачите на законот ќе ги имаат сите овластувања да ги проверат производите за кои веруваат дека би можело да содржат никотин.
Секој оној кај кој што ќе се утврди дека поседува повеќе од 0,1 милиграм на никотин го прекршува законот. Тој нема да важи доколку има рецепта од страна на лекар во текот на професионалната пракса.
Орегон има 48% намалена побарувачка на цигари по глава на жител од 1996 до 2009 година. Но, и понатаму се продаваат милијарди цигари годишно. Во 2007 година, имало речиси 7000 смртни случаеви кои биле поврзани со тутунот.

cigaraПросечниот пушач во Орегон троши по 1825 долари за цигари секоја година. Најновите статистички податоци покажуваат дека 17,5% од популацијата која што пуши на дневна основа, значително придонесува за бројот на жртвите на годишно ниво.

Но, и покрај тоа што цигарите се голем здраствен проблем во државата, единствено со новиот закон, доживотните пушачи ќе ги претвори во криминалци.
Ваквиот закон само ќе ги предизвика и онака големиот број на криминалци да започнат со нелегална продажба на цигари во Орегон, каде што ќе можат да им наплаќаат многу повисоки цени на потенцијалните купувачи за разлика од другите држави.
Постои сомнеж дека ваквиот закон ќе го претвори Орегон во воена зона. Покрај тоа Орегон ќе изгуби добар дел од своите даночни приходи, бидејќи во моментов добива околу 1,18 долари по кутија цигари.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1