Едно евро за дом од 110 квадратни метри и земја од 360 квадратни метри – но има една мана – куќата била опседната со духови, барем така тврди огласот на Ибеј каде е огласена оваа куќа
Според описот на „Ибеј“, за време на педесеттите години на XX век во куќата било извршено страшно убиство и сега таа е опседната од вознемирените духови.
Во внатрешноста на куќата се забележани паранормални феномени како на пример, чукање на прозорците, чудни звуци и гласови и движечки предмети.
Ова не е шега бидејќи личноста која ја продава куќата јасно нагласува дека оние кои не се сериозни за купување на куќата не треба да ја контактираат. Огласот е наменет само за оние кои веруваат во духовниот свет.
Што се однесува до убиството, огласот вели дека жртвите биле двојка која го поседувала домот во тој период.
Бездушните убијци биле работници кои барале скриено богатство во куќата. Убиството не било потврдено бидејќи телата никогаш не биле пронајдени.
Сопствениците едноставно исчезнале без трага, но, според огласот, нивните тела се закопани во блиското поле.