Крвава тепачка во ГУЦ – малолетен ученик заврши во болница


guc skoloКрвава тепачка во скопското градежно училиште “Здравко Цветковски”. Денеска околу 13:15 часот, двајца малолетници претепале ученик од училиштето „Здравко Цветковски“.

Претепаното момче е пренесено во болница, а еден од напаѓачите е откриен и е пренесен во полициска станица, информираат од полицијата.

Засега е познато дека тепачката се случила во училишниот двор. Повеќе детали за физичката пресметка се очекуваат во текот на денот

Прес24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1