Бургер Кинг и јавно призна и обелодени, по континуираното негирање, дека во продажните места кои што ги имаат во Велика Британија, продавале плескавици направени од месо на коњ, јави Гардијан. Серијата направени тестови откриваат дека оваа прехранбена компанија претходно лажела кога ги негирала ваквите наводи. Месото било процесуирано од страна на ирската компанија „Silvercrest“, а истата оваа компанија доставувала месо и на „Tesco“, „Asda“, и „Co-op“.
„Четири примероци неодамна земени од фабриката „Silvercrest“ покажале присуство на мали траги на коњска ДНК.
Се покажало дека оваа фабрика користи мал процент на говедско месо увезено од неодобрен снабдувач од Полска, што претставува прекршување на спецификациите и од Бургер Кинг најавија прекин на соработката со нив.
Сеуште не е јасно кои од овие познати брендови може да содржи во своите продукти месо од коњ или од некое друго животно.
Она што е познато е дека десетици илјади хамбургери од добавувачите како „Silvercrest“ и останатите во Германија биле испорачани во Бургер Кинг само за да се задоволи побарувачката во Велика Британија. Според „Daily Mail“ извештајот за резултатите од студијата може да се проследи една година наназад или барем до мај минатата година. Истрагата по ова прашање започа со безбедноста на храната во Ирска, каде се покажа дека тамошните хамбургери содржат месо од коњ.