Мухамед Али во критична состојба – има само неколку недели живот


Мухамед Али, најдобриот боксер на сите времиња, се наоѓа во критична здравствена состојба, потврди неговиот брат Раман Али.

muhamed ali golema

Тој вели дека „кралот на боксот“ веќе не го препознава и дека се е во Божји раце, можеби му остануваат месеци, а можеби и само денови од неговиот живот.
 
Мојот брат не може да зборува и не ме препознава. Во лоша здравствена состојба е, болеста многу му натежна. Можеби му останаа месеци, но можеби и само денови. Не знам дали ќе го дочека летото. Тој е сега во Божји раце“, изјави Раман Али за медиумите.
Мухамед Али го освои златниот медал на Олимписките игри во Рим во 1960 година, а оценките на боксерските критичари се дека беше најголем во историјата. Во 1984 година на Али му е дијагностицирана и Паркинсонова болест.
Извор – Екипа.мк
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1