англиски пензионер бил фатен три пати од полицијата со различни проститутки во текот на една ноќ. 69-годишниот Дерек Едвардс добил казна од 155 фунти и забрана за пристап до местото кај што биле јавните дами.
Судот во Бристол му наложил на Едвардс дека мора да плати вкупно 50 фунти казна и 105 фунти судски трошоци, откако во паркот на еден кварт познат по проституцијата бил фатен како лежи на грб додека една професионалка го „обработувала“.
Поради тоа тој добил предупредување од полицијата, но само по час и половина тој повторно бил фатен како и плаќа на друга проститука.
Тој повторно добил усмено предупредување од полицијата, меѓутоа камерите го фатиле како на железничката станица пробува да „вработи“ уште една проститутка за која подоцна признал дека имале секс во јавниот тоалет.
Едвардс се правдал дека во Бристол не дошол исклучиво за да бара проститутки и дека во текот на вечерта конзумирал алкохол кој влијаел на неговото однесување.
„Можам да кажам само дека не е воопшто горд на своето однесување“, рекол адвокатот на немирниот пензионер.
Судот во Бристол му изрекол казна од 155 фунти